Вера Ванг беше една од најзабележаните личности на настанот, и поради нејзиниот изглед и поради нејзината драстична промена на имиџот.
Познатата модна дизајнерка Вера Ванг не престанува да шокира со својот младешки изглед, иако оваа година го прослави 75-от роденден. Се чини дека таа е единствената дама за која времето „застанало“, а во осмата деценија од животот се осмели да направи уште една голема промена – стана заводлива русокоса.
На препознатливата слика на долга темна коса ѝ дојде крајот, а луѓето се во неверување од новиот изглед на жената која ги руши сите предрасуди и чии венчаници со години се на првото место на листата на најубави.
Вера Ванг присуствуваше на забавата пред доделувањето на филмските награди БАФТА во Лондон, на која се собраа бројни познати личности, а се појави во црн фустан со длабоко деколте до папокот и црн детаљ околу нејзините раце.
Впечатливиот долг „врзувачки“ ѓердан одлично ја надополни оваа елегантна комбинација на модната дизајнерка, исто како правата долга руса коса и прамени кои паѓаат и ѝ го врамуваат лицето.
Суптилната шминка приспособена на нејзината руса коса го истакна младешкото лице на жената која не престанува да добива комплименти за нејзиниот неверојатен изглед.
Поврзани објави
Дали русокосите навистина се забавуваат подобро?, напиша Вера во описот на објавените фотографии.
Меѓутоа, на прашањето на еден следбеник на Инстаграм дали навистина станала русокоса, таа кратко одговори со срамежливо емоџи со насмевка: „Не“.
Фото и видео: Инстаграм