Модниот Базар од StyleSipher е замислен како простор каде модата не е само нешто што го купуваме, туку начин да се изразиме, да експериментираме и да се поврземе
Со новата сезона доаѓа и ново Autumn/Winter издание на Модниот Базар од StyleSipher, концепт кој го претвора класичниот шопинг во поинакво модно искуство исполнето со стил, музика, дружење и професионална модна поддршка.
Ова издание ќе понуди внимателно одбрана селекција на облека, модни додатоци и сезонски парчиња, со посебен фокус на попаметен и посвесен начин на купување. Идејата е посетителите да не си заминат само со нешто ново, туку со парче кое навистина одговара на нивниот стил, може лесно да се комбинира и има свое место во нивната гардероба.
За тоа ќе се погрижи и тимот од обучени модни стилисти на StyleSipher, предводен од модниот психолог Сара Серафимовска, кој ќе биде достапен за совети околу изборот на кроеви, комбинации, пропорции и најдобрите парчиња според индивидуалниот стил и буџет на секој посетител.
„Кога купувате со поддршка од обучен стилист, искуството е сосема различно од тоа да купувате сами. Нашето студио за време на Модниот Базар станува едно топло и инспиративно место каде жените се поддржуваат меѓусебно, се советуваат, пробуваат нешто ново и уживаат во целиот процес. Сакамe шопингот да се чувствува забавно и лично, со добро друштво, добра музика и чувство дека некој навистина ви помага да го пронајдете она што е најдобро за вас“, вели Сара Серафимовска.
Како дополнителна новина, за ова издание StyleSipher планира и специјална Denim Station, каде посетителите кои ќе купат парче деним ќе можат да го персонализираат и да му дадат свој потпис. Пачови, бисери, светки и различни декоративни детали ќе овозможат секое парче да стане уникатно и навистина лично.
Оваа идеја дополнително ја следи филозофијата на StyleSipher за посвесен однос кон модата. Наместо брзо и импулсивно купување, акцентот е на избор на парчиња кои сакаме да ги носиме, да ги чуваме подолго и да ги направиме свои.
Покрај шопингот и персонализацијата, посетителите ги очекуваат добра музика, опуштена атмосфера и можност да го запознаат StyleSipher тимот, да побараат стилски совет и да поминат неколку часа во пријатно женско друштво.
Поврзани објави
Модниот Базар од StyleSipher е замислен како простор каде модата не е само нешто што го купуваме, туку начин да се изразиме, да експериментираме и да се поврземе.
Модниот Базар од StyleSipher Autumn/Winter Edition
КОГА — 17-18ти Октомври
ВО КОЛКУ —12-18ч
КАДЕ— StyleSipher Студио – Антон Попов 20, Кисела Вода
Следете го StyleSipher за повеќе информации околу селекцијата и специјалните понуди за ова издание.
Повеќе информации за настанот, селекцијата и Denim Station ќе бидат објавени на каналите на StyleSipher.