Почетна СветЕФА: Разочарувачки исход од денешното гласање во Европскиот парламент за пристапувањето на Република Македонија во ЕУ

ЕФА: Разочарувачки исход од денешното гласање во Европскиот парламент за пристапувањето на Република Македонија во ЕУ

од nenad
1 минути читај за

Иако европските пратеници го поддржаа отворањето на следните чекори од пристапните преговори, тие не успеаја да го поддржат признавањето на македонскиот идентитет. По огромниот бугарски притисок, Европскиот парламент ги прифати амандманите презентирани од европратениците од ЕНП, С-Д и Обновена Европа, со кои се отстрануваат сите референци за македонскиот идентитет, култура или јазик.

Уште еднаш, големите партии на ЕУ не успеаја да дејствуваат во претставувањето на оние гласови што не се слушнати. Со попуштањето на националистичките интереси на Бугарија, ЕУ, предводена од мнозинските партии, не успева да ги заштити малцинските права на Македонската заедница во сопствените граници: особено Македонското малцинство во Бугарија, кое се соочува со сериозна дискриминација и целосно отсуство на признавање. Не успева да ги заштити основните европски вредности!

Реагирајќи на денешното гласање, претседателката на ЕФА, Лорена Лопез де Лакале, изјави: „Нацрт-извештајот правилно го потврди признавањето на македонскиот идентитет и јазик од страна на ЕУ и нивната важност за процесот на пристапување во ЕУ, заснован на доверба и соработка. Но, потоа големите партии соработуваа за да го отстранат.

„Отстранувањето дури и на симболичното признавање на македонскиот идентитет и јазик испраќа опасна порака дека идентитетот е предмет на преговори за пристапување во ЕУ. Тоа ја легитимира злоупотребата на својата позиција од страна на Бугарија за вршење притисок врз држава-кандидат и сигнализира толеранција кон политиките што ги кршат основните европски вредности.“


Post Views: 72

Извор : vesnik-ilinden.com

ЕФА: Разочарувачки исход од денешното гласање во Европскиот парламент за пристапувањето на Република Македонија во ЕУ