Прославата за раѓањето на малата Лола собра бројни ѕвезди, но еден подарок беше главна тема на вечерта
Водителот Огњен Амиджиќ организираше голема прослава по повод раѓањето на својата ќерка Лола, на која присуствуваа бројни личности од естрадата. Како што истакна, поканети биле само најблиските пријатели и колеги.
Меѓу првите пристигна пејачот Исак Шабановиќ, видно расположен и со подарок за домаќинот. Наскоро пристигна и „кралот на бакшишот“ Ѓовани Бајрамовиќ, придружуван од мистериозна девојка која избегнуваше камери.
На прославата дојдоа и Надежда Биљиќ со сопругот Тома Паниќ, додека Анѓела Игњатовиќ Бресквица се задржа кратко поради обврски. Меѓу гостите беа и Милица Кон со сопругот, како и пејачот Аца Пејовиќ, додека Бојана Лазиќ блескаше во елегантна црна комбинација.
Поврзани објави
Фотографии може да погледнте ОВДЕ
Сепак, најголемо внимание привлече раперот Драгомир Деспиќ Десингерица, кој на водителот му подари косилка за трева. Необичниот подарок веднаш стана главна тема меѓу гостите и на социјалните мрежи.
printskrin youtube – Milica Kemez Official desingerica