Почетна Убавина и здравјеСега на сите им е јасно зошто Меланија паднала на него – Убавина и здравје

Сега на сите им е јасно зошто Меланија паднала на него – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Доналд Трамп победи на изборите и Америка доби нов претседател

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп одржа говор пред неговите поддржувачи откако беа објавени официјалните резултати, според кои тој е новиот претседател на САД.

Тој ја изрази својата благодарност за довербата и поддршката од граѓаните, но направи и еден џентлменски потег обраќајќи ѝ се на својата сопруга Меланија Трамп.

На сцената во неговиот предизборен штаб на Флорида, Доналд се појавил се децата и сопругата, а потоа, пред сите, се свртел кон Меланија и гордо кажал:

„Сакам да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна сопруга Меланија, првата дама, чија книга е најпродавана во земјава. Ви се верува? Многу напорно работи за да им помогне на луѓето. Па така, само сакав да ѝ се заблагодарам“, рекол Трамп при своето обраќање на Флорида.

Која е Меланија Трамп?


Поврзани објави

Меланија Трамп е поранешна прва дама на САД, која ја носеше таа функција од 2017 до 2021 година, за време на претседателскиот мандат на нејзиниот сопруг Доналд Трамп.

Родена како Меланија Кнавс на 26 април 1970 во Ново Место, Словенија (тогаш била дел од Југославија), започнала кариера како моделка, работејќи во европските модни престолнини пред да се пресели во Њујорк во 1990-тите. Во 2001 година станала жител на САД, а подоцна добила државјанство во 2006.

Меланија го запознала Доналд Трамп во 1998 година, а се венчале во 2005. Таа е мајка на нивниот син Барон Трамп. Како прва дама ја покренала кампањата „Биди најдобар“, со фокус на благосостојбата на децата и борбата против злоупотреба на опојни супстанции.

Нејзиниот престој во Белата куќа, во споредба со други претходни први дами, бил обележан со нејзиното активно учество во одредени настани од големи значење, како што е обновувањето на градината на розите во Белата куќа.

Меланија неодамна објавила мемоари со наслов „Меланија“ кои постигнале голем успех, а кои даваат длабок увид во нејзиниот живот, прикажувајќи го нејзиното детство во Словенија, нејзината манекенска кариера и искуството како прва дама. Објавени во 2024 година, нејзините мемоари брзо станале бестселер на листите на Амазон и Њујорк Тајмс.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм