Пејачката со необичен накит: металните канџи на прстите ја ставија во центарот на вниманието
Младата пејачка Анѓела Игњатовиќ – Бресквица повторно привлече внимание на социјалните мрежи, но овој пат не со нова песна, туку со уникатен моден детаљ.
Таа објави фотографии од својата вечерна комбинација на Инстаграм, каде наместо фустанот или фигурата – сите погледи беа вперени во нејзините раце.
Поврзани објави
Бресквица носеше метални канџи на три од своите прсти, нешто што ретко се гледа на регионалната сцена. Додека некои се прашуваа дали тоа е нов тренд, други беа збунети од овој ексцентричен избор на накит.
И покрај тоа што модниот детаљ предизвика поделени реакции, фановите не штедеа комплименти за нејзиниот изглед и самодоверба. Пејачката уште еднаш покажа дека не се плаши да експериментира и да биде различна.
printskrin Youtube-Telegraf.rs TV