Поранешната сопруга на Харис Џиновиќ ужива со милионер постар 25 години и живее живот на висока нога
Мелина Џиновиќ, поранешна сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, повторно се најде во центарот на вниманието поради новата љубовна врска со богаташ од Монако. Таа моментално живее со партнер кој е постар од неа неколку децении, а нивниот живот во Монте Карло предизвикува голем интерес во јавноста.
Изминативе денови, Мелина наводно направила скандал во луксузен бутик во Монте Карло, што дополнително ги подгреа шпекулациите за нејзиниот живот во Монако. Според медиумските наводи, таа и нејзиниот партнер планираат и гала-славје, а за нивната врска проговорила и жена која, како што се тврди, ѝ е комшивка.
Станот во кој сега живее Мелина не е нејзин, туку е сопственост на нејзиното момче. Тој е милионер и постар од неа 25 години. Очигледно е дека таа сака постари мажи, тоа ѝ е фетиш. Тој е целосно заљубен и ѝ угодува во сè“, изјавила комшивката, додавајќи дека парот е многу дискретен и ретко се појавува заедно во јавност.
Таа открива и дека милионерот ѝ помогнал на Мелина преку свои врски да отвори бутик во концепт-продавница, каде што ги продава своите креации. Како што наведува, Мелина сакала да продолжи со работа и во Монако, за да не изгледа дека само ужива и троши пари во Монте Карло.
printskrin youtube – republika tv melina dzinovic 1