Почетна ТехнологијаЕдно лице починало од листериоза, две други заболеле, ИЈЗ повикува на внимателност со храната

Едно лице починало од листериоза, две други заболеле, ИЈЗ повикува на внимателност со храната

од nenad
1 минути читај за

Проф. д-р Драган Кочински, епидемиолог во ИЈЗ, вели дека најголем број случаи биле евидентирани во 2014 година (кога имало 11 заболени и 5 починати), а потоа секоја година бројот на заболени се движи до максимум 5 на годишно ниво.

„Оваа бројка од три заболени лица е очекувана. Кај нив направена е епидемиолошка анкета од епидемиолози. Ова е заболување кое има инкубациски период и до 70 дена (но, најчесто инкубацијата трае 3 недели), па затоа, потешко е да се добие податок во однос на храната, од каде ја набавувале, како била подготвена пред консумација и слично.

   

Секоја храна може да е инкриминирана, а најчесто е тоа храна која не е свежа односно е спакувана – млеко, млечни производи, месо, месни производи, свежо овошје и зеленчук.

Како што пишува во информативниот текст во врска со оваа болест, на веб-страницата на ИЈЗ, најчесто инкриминирана храна која се поврзува со ширење на листериоза се смета месо и преработки од месо (колбаси, виршли, паштети, деликатесни меса и нарезоци), непастеризирано млеко и млечни производи како што се меко сирење, кремови/намази, путер, посебно ако се направени од непастеризирано млеко; свежа или чадена риба и морски плодови, замрзнато месо и месни продукти, свежо и замрзнато овошје и зеленчук, претходно подготвени салати и сендвичи, из’ртени семиња готови за консумирање.

„Инфекцијата може да се пренесе и преку контаминиран свеж зеленчук и овошје, особено лубеница и диња (познати епидемии во светот). Други патишта на пренесување на инфекција може да бидат: директен контакт со заразените животни, нивни органи, ткива и излачувања или контаминирана животна средина. Бремените жени може да ја пренесат инфекцијата на новородените преку плацентата или за време на раѓањето“, пишува во објавата.Извор: 24.mk