Џесика Алба ја покажа совршената комбинација за есен што мора да ја пробате
Есента е сезона во која модата добива посебна димензија, а слоевитото облекување и топлите бои стануваат главните сојузници во креирањето стилски комбинации. Холивудската актерка Џесика Алба демонстрирала како да постигнете совршен есенски изглед, појавувајќи се на ревијата на модната дизајнерка Тори Бурч за време на Модната недела во Њујорк.
Нејзиниот изглед бил совршен спој на класична елеганција и модерни, смели детали, а еве како можете да го примените и вие.
Џесика била олицетворение на есенскиот стил во кожено пенсил-здолниште во бордо боја. Ова парче е идеално за преодниот период, бидејќи ја спојува префинетоста со доза на смелост, а длабоката бордо нијанса е апсолутен хит сезонава. Го искомбинирала со елегантна блуза со долги ракави и со суптилни светки, што на целата комбинација ѝ дало префинет сјај.
Поврзани објави
Иако комбинацијата била класична, Џесика ја подигнала на повисоко ниво со неочекувани детали. Одбрала мрежести црвени хулахопки и обувки со широка потпетица и дискретен прорез на прстите. Овие обувки, заедно со прекрасната кафена чанта од превртена кожа, додале текстура и топлина.
Како и секогаш, Џесика ја свела фризурата на минимум, оставајќи ја косата да паѓа во благи бранови, што само ја нагласило нејзината природна убавина и лежерниот и истовремено беспрекорен стил. Изгледот на Џесика е совршен пример како може да се комбинираат клучни парчиња за да се добие стајлинг кој е идеален за деловни состаноци, но и за вечерни излегувања.
Џесика Алба потсетува дека деталите се тие кои прават разлика и дека есента нуди бескрајни можности за модно експериментирање.
ФОТО: Инстаграм