Саша и Сузана секогаш истакнуваат дека Тијана е прекрасна снаа…
Александра, ќерката на креативниот директор на „Гранд“ Саша Поповиќ и пејачката Сузана Јовановиќ, не се појавува често во медиумите, бидејќи води мирен живот далеку од очите на јавноста.
По тој пат оди и синот на Сузана, Данијел, кој вешто ги избегнува медиумите, а исто така и неговата сопруга, познатата шминкерка Тијана.
Како живее ова познато семејство можеме да видиме само на социјалните мрежи, а сега се појави фотографија на која Тијана и Александра уживаат заедно.
Тие покажаа како позираат во луксузен автомобил Ферари, бренд од кој Саша Поповиќ има неколку во својот возен парк.
Поврзани објави
Тијана и Данијел се венчаа пред неколку години, а се запознаа на работа, бидејќи и двајцата се вработени во Гранд продукција.
Саша и Сузана секогаш истакнуваат дека Тијана е прекрасна снаа, а гордата свекрва секогаш посочува дека тие двета имаат одлична комуникација.
Добро се согласуваме. Сакам да бидам нивна другарка и пријателка. Сакам да им помогнам, и никако да ги обесхрабрам во животот што ги очекува, дури и кога ќе дојдат децата. Сале и јас сме тука да скокнеме и да помогнеме“ – изјави пејачката во една прилика.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: