Table of Contents
Ви откриваме кои модели на обувки ќе доминираат летово
Ова лето минатото се враќа во мода, и тоа со стил. Од дебели ѓонови до носталгични силуети, овие обувки ќе ги гледаме насекаде, докажувајќи дека старинските модели сега изгледаат подобро од кога било претходно. Еве кои обувки ќе доминираат наредниов период…
1. Јапонки
Класичните „апостолки“ од 1990-тите добиваат модерна надградба, како впечатливи ленти, проѕирни детали, мини-потпетици, дури и хибридни елементи. Брендовите му даваат свежина на овој лежерен класик, покажувајќи дека не морате да бирате помеѓу удобноста и стилот.
2. Мокасини
Мокасините, всушност, никогаш не излегоа од мода, но во 2025 година добиваат забавно освежување. Комбинирајте ги со предимензионирани панталони или ублажете го нивниот класичен изглед со лелеави летни фустани. Можете да додадете бели чорапчиња до глужд за дополнителен ефект, во стилот на Хејли Бибер.
3. Интензивни бои
Поврзани објави
Минимализмот се повлекува во втор план, 2025 година е во знакот на впечатливите, шарени патики. Одбирајте интензивни тонови, разиграни шари и необични комбинации кои привлекуваат погледи на секој чекор. Заменете го неутралниот пар со нешто ведро и веднаш ќе го освежите својот изглед. Само погледнете ги модните трендсетерки, сите го следат мотото „повеќе е повеќе“.
4. Чизми до глужд
Чизмичките до глужд се враќаат одненадеж, благодарение на враќањето на естетиката „инди слиз“. Во фокусот се стиловите од раните 2000-ти, крупните потпетици, впечатливите облици и дозата на рокерски шарм. Како што трендовите од 2000-тите полека избледуваат, новиот бран на носталгија на милениумците доаѓа да ги замени. На многумина не им се допаѓа ова парче за летниот период, поради високите температура, но не постои пософистициран стил од нив. Дамата што ќе ги обуе, покрај тоа што ќе важи за најсмела, ќе важи и за најстилизирана дама.
5. Балерина-патики
Овој тренд е едно од најголемите модни изненадувања за 2025 година. Овие патики инспирирани од балетската естетика, со сатенски заршетоци, ленти или нежни детали, ја спојуваат удобноста со романтичниот шарм. Сè повеќе дизајнери го прифаќаат овој стил, а изгледа дека комбинацијата на нежно и спортско станува сè попопуларна.
ФОТО: Пинтерест