Па, доколку сте подготвени за големо есенско чистење, еве на што треба да обрнете внимание:
1. Облека и обувки
Ако имате облека што не сте ја носеле повеќе од две години, големи се шансите дека никогаш повторно нема да ја облечете. Истото важи и за обувките. Тргнете настрана сè што не можете веќе да го замислите на себе и во што не се чувствувате добро и донирајте го. Исто така исфрлете ги сите скинати, оштетени парчиња облека или чорапи без пар.
2. Модни додатоци
Оштетените чанти што сте ги обожавале во средно училиште, но коишто не сте ги носеле од тогаш, како и евтината бижутерија што ја променила бојата и само ви зафаќа место во фиоките, се првите нешта што треба да завршат во кантата за отпадоци.
3. Стара козметика
Проверете го рокот на траење на сите производи и исфрлете ги оние чии рок е надминат. Ако сè уште ги користите, постојат шанси да си наштетите, па редовно водете сметка за нив. Истото важи и за лаковите за нокти што ја промениле текстурата и станала неупотребливи.
4. Кујнски производи
Мислиме на сите оние стари зачини што не се сеќавате кога сте ги купиле, како и за храната во замрзнувач што стои таму со месеци и чека да ја искористите. Исто така погледнете ги и садовите – ако има некои што се премногу оштетени за употреба или поради некоја причина едноставно не ги користите, но ги чувате за резерва, слободно исфрлете ги бидејќи гарантираме дека нема повторно да ги употребите.
5. Предмети и продукти за лична хигиена
Обрнете внимание на сите лосиони, гелови, кремови и сапуни што ги користите во бањата. Ако има застарени, што ви останале поради некоја причина и веќе се засушиле, одма фрлете ги. Исто така ослободете се од старите пешкири што се крути и непријатни за да ослободите место за новите, што се нежни и меки.
А откако ќе се ослободите од работите што бадијала ви зафаќаат место во домот, време е да се „фрлите“ на темелно чистење.
Подовите нека блеснат!
Иако домашните миленици се навистина слатки, понекогаш е неверојатно тешко да се ослободите од сите нивни влакна. Ако имате милениче кое сака да лежи на покуќнината, подовите, плочките, сигурно се соочувате со овој проблем. Едноставен начин да ги отстраните влакната е гумената четка. Едноставно поминете со неа по покуќнината, па дури и теписите за да ги отстраните несаканите влакна.
Наш предлог:
Pronto Legno Pulito за подови, го чисти, храни, освежува и негува паркетот и ја отстранува прашината. Погоден е за употреба на сите дрвени површини.
Ослободете се од мрснотијата
Ако сте се откажале од многу јадења бидејќи е навистина тешко да ги исчистите тавичките по готвењето, ова е решението за вас. Наместо да се обидувате да ги отстраните маснотиите и загорената храна со жица, наполнете го садот со топла вода и нежно истријте го со алуминиумска фолија.
Поврзани објави
Избркајте го правот од дрвените површини
Pronto Aloe Vera распрскувачот е формула која нежно чисти и ги отстранува нечистотијата и дамките од дрвените површини и го зачувува природниот изглед на дрвото.
Чистење венецијанки
Венецијанките се валкаат многу лесно. Ако не можете да ги извадите за да ги исчистите темелно, овој трик ќе ви помогне полесно да се снајдете. Едноставно ставете микрофибер-крпа на кујнската клешта и прицврстете ја со гумени ластичиња. Крпата ќе ја собере целата нечистотија, а со клештите ќе можете полесно да ги исчистите тешко достапните места.
Не заборавајте ја веце-школката!
За да го спречите наталожувањето во тоалетата школка, исчистете ја добро со средство што ќе ги уништи микроорганизмите во неа.
Наш предлог:
Duck WC течности благодарение на специјално дизајнираниот врат лесно допираат под работ на WC-школката и ефикасно ја чисти и ја отстранува миризбата, обезбедувајќи целосна хигиена и пријатeн мирис. Достапен е во неколку мирисни ноти. Има заштитен затворач.
Пробајте го и првиот веце-освежувач без корпа Duck Fresh Discs, кој го чисти и освежува тоалетот со помош на специјален дизајниран апликатор. Апликаторот го поставува дискот, со концентрираниот гел под работ на веце-школката, кој се активира со секое пуштање на вода.
Duck Fresh Discs нема корпа на која би се задржувале опасните бактерии. Со помош на практичниот апликатор, едноставно нанесете гел во облик на диск во внатрешната страна на веце-школката, без директен контакт.
Со секое пуштање на вода, гелот во облик на диск испушта активна пена и свеж мирис. Едно пакување од производот трае до 8 недели.
Магичен сунѓер за чиста бања
Ако не сте се обиделе да ја исчистите бањата со магичен сунѓер, веднаш променете го тоа. Навистина ќе ја забележите „магијата“. Едноставно нанесете малку сапуница на магичниот сунѓер наместо на обичниот и воодушевувајте им се на резултатите.
Наш предлог:
Mr Muscle гел за одвод – производ кој е наменет за ефикасно читење на запушени одводи и цевки. Ги отстранува блокадите настанати од влакна, маснотии, храна, сапун.
Отстранување дамки
За да ги отстраните и најтврдокорните дамки, направете смеса од сода бикарбона, пероксид и средство за миење садови. Ако имате чистач на пареа, додајте ја оваа смеса во него во комбинација со врелата вода и ќе добиете машина за посветли и почисти теписи со прекрасен мирис.
Текст и фото: ПР