Почетна ЕкономијаПродолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

од nenad
1 минути читај за

Повеќе од половина ќе бидат исполнети сметувачките капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера за продолжениот Велигденски викенд, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ), Крсте Блажески.

Најголем дел од посетителите, според него, ќе бидат гостите од земјава и од соседството.

– Исполнетоста на хотелите за празничниот викенд ќе биде 50 до 60 проценти. Додека приватните сместувачки капацитети ќе бидат поисполнети. Тука се и викенд становите на граѓани од внатрешноста, што Велигденските празници ќе ги поминат во Охрид и Струга, изјави Блажески за МИА.

Поголема исполнетост на сместувачките капацитети се очекува и викендот потоа, за празникот Рамазан Бајрам, кога покрај од земјава и соседството се очекуваат гости и од така наречените кружни тури.

Туристичката сеозна на охридско-струшкото крајбрежје официјално почнува од 1 мај, а кон средината на месецот се очекуваат првите чартер летови со туристи од Холандија, кои и годинава ќе да бидат најбројни. Покрај холанѓаните се очекуваат чартери и од Полска, Турција, Србија и други традиционални пазари, како и воспоставување нови авио линии. сс/мч/

фото: МИА архива

Струга, 10 арпил 2023 (МИА)