Дознајте што никако не смеете да чувате пред влезната врата, според правилата на фенг шуи
Според правилата на фенг шуи, доколку сакате секогаш да имате пари во домот, прво треба да го средите прагот пред влезната врата. Имено, влезната врата во домот ја создава главната енергија што носи среќа, пари и благосостојба. Таа се нарекува устата на енергијата „чи“.
Доброто фенг шуи за влезната врата значи дека влезот мора да остава одличен впечаток, да привлекува позитивна енергија и да посакува вистинско добредојде.
Ако вратата е стара и одронета, предизвикува болест во домот, лоши семејни односи, караници и немаштија. Сè започнува од самиот влез, па затоа, многу е важно вратата да биде чиста со ведра боја, како црвена, а околу неа, сè да биде средено, со вкус.
Поврзани објави
Нема полоша несреќа од тоа ако пред врата чувате ѓубре во кеса, пред да го исфрлите. Или ако штом влезете во домот налетувате на купишта обувки, чадори и разни други предмет.
Ако вратата ви чкрипи или се затвора лошо и тешко, тоа е многу лош знак според фенг шуи.
Би било пожелно ако на влезот ставите што повеќе зелено цвеќе, бидејќи билките привлекуваат моќ и богатство.
Послушајте ги овие совети и ќе видите како работите постепено се менуваат на подобро.