Фудбалскиот сојуз на Англија утрово и официјално ги потврди вчерашните најави, Томас Тухел е наследникот на Герет Саутгејт на кормилото на „Гордиот Албион“. Тухел својата прва селекторска работа во кариерата ќе ја започне на 1 јануари 2025 година, а договорот кој го потпиша ќе има важност 18 месеци. Помошнил на Германецот ќе му биде Ентони Бери.
„Горд сум што ќе имаме чест да ја водам англиската репрезентација. Чувствувам поврзаност со оваа земја и тоа веќе ми даде неколку неверојатни моменти. Да се претставува Англија е огромна привилегија и ќе биде возбудливо да работам со група која е талентирана и има голем потенцијал“, изјави Тухел. За Тухел преземањето на Англија е враќање на Островот каде што во минатото беше тренер на Челси. Покрај на „сините“, Тухел ги водеше ПСЖ, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен каде што го имаше последниот ангажман минатата сезона.