Почетна Убавина и здравјеЕве што го мачи Бред Пит со години – Убавина и здравје

Еве што го мачи Бред Пит со години – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Бред Пит открил дека има одредени проблеми поради кои луѓето мислат дека е арогантен и безобразен

Еден од најпознатите актери во светот, Бред Пит, признал дека има сериозен проблем со препознавање лица – до таа мера што тоа понекогаш го прави анксиозен и несфатен.

И покрај тоа што секојдневно среќава голем број луѓе, од кои повеќето се славни личности, Бред Пит објаснил дека кај него тоа не се случува само поради преоптовареност, туку дека веројатно станува збор за прозопагнозија, невролошко нарушување поради кое доаѓа до потешкотии во помнењето и препознавањето лица.

Бред Пит уште во 2013 година во интервју за магазинот „Есквер“ првпат проговорил за овој проблем, наведувајќи дека луѓето честопати го сметале за арогантен или непристоен, поради тоа што не ги препознавал.

„Многумина ме мразат, бидејќи мислат дека не ги почитувам“, изјавил тогаш.

Додал дека се обидел да биде искрен и однапред да ги предупреди луѓето за својот проблем, но тоа му се удрило од глава.

„Ако објаснам што е проблемот, луѓето уште повеќе се навредуваат“, рекол Пит, додавајќи дека често го етикетираат погрешно како егоцентричен и арогантен.

Во разговор за „Џи-Кју“ од 2022 година, славниот актер истакнал дека сѐ уште нема официјална дијагноза, но дека сериозно планира да побара стручно мислење.

„Никој не ми верува!“, рекол тој, истакнувајќи дека тешко му е да го прифати тоа што не може да памти лица.


Поврзани објави

Што е прозопагнозија?

Според податоците на Светската здравствена организација, прозопагнозија може да биде развојна (генетски условена) или стекната, како последица на повреда на мозокот.

Освен што го отежнува препознавањето лица, ова нарушување може да влијае и врз способноста за распознавање емоции, пол или имиња на луѓе.

Статистиката вели дека прозопагнозија се појавува кај една од 33 до една од 50 лица. Кај многумина може да доведе до чувство на изолација, отежнато социјално функционирање, дури и до развој на анксиозност или депресија.

„Одбегнувам социјални ситуации“

Пит, кој денес има 61 година, признал дека неретко одбегнува социјални настани поради овој проблем.

„Ќе сретнете проклето многу луѓе… а потоа ќе ги сретнете повторно“, рекол тој низ насмевка, опишувајќи го секојдневниот предизвик што му го поставува ова нарушување.

ФОТО: Инстаграм