Докторите сведочат дека жените не сакаат вонтелесно да се оплодат во февруари за да не родат скорпија
Астрологијата има сè поголемо влијание врз одлуките на многумина, а тоа го докажува и фактот што многу жени одбиваат да направат вонтелесно оплодување во февруари за да не родат дете што ќе му припаѓа на хороскопскиот знак скорпија.
За ова сведочат докторите во Русија, каде што родилките бараат да се породат една недела порано за да не родат дете што ќе му припаѓа на знакот скорпија.
„Некои двојки се скептични во врска со одредени хороскопски знаци – до таа мера што никако не сакаат да го преносат ембрионот еден месец, иако тоа, секако, се случува ретко. На пример, скорпиите не се многу популарни. Затоа, се обидуваат да го прескокнат февруари за оплодување и трансфер на ембрионот“, открива специјалист за вонтелесно оплодување од Русија.
Исто така, некои луѓе не сакаат бебето да им се роди во зима, за да не мораат да шетаат со колички по снег.
Поврзани објави
Со желба детето да им се роди на одреден датум, родителите претеруваат до таа мера што планираат речиси сè однапред.
„Програмираните породувања се многу опасни по здравјето на мајката и детето. Тоа може да се направи само за да се спаси детето. А ако сè уште не е зрело за раѓање, погрешно е да се донесе таква одлука“, велат експертите.
Според докторите, не треба да се заборави дека може да дојде и до предвремено породување. А бебето се смета за доносче од 37. до 41. недела.
„Ако терминот за породување е условно одреден на 5 ноември, жената може да се породи на 20 октомври или 10 ноември.“
ФОТО: Michal Bar Haim / Unsplas