Почетна Убавина и здравјеЕве кого го очекува сериозно преиспитување на животните одлуки – Убавина и здравје

Еве кого го очекува сериозно преиспитување на животните одлуки – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Сатурн е планета која во астрологијата претставува дисциплина, структура, одговорност, ограничувања, карма и животни лекции

Враќањето на Сатурн се случува кога планетата Сатурн ќе го заврши својот полн круг околу зодијакот и ќе се врати на точната позиција каде што била во моментот на вашето раѓање. Со оглед на тоа што на Сатурн му требаат околу 29,5 години  да заобиколи цел зодијачки круг, првото враќање обично се случува помеѓу 28. и 30. година од животот. Второто враќање се случува околу 58. година, а третиот околу 87.

Станува збор за астролошка појава која означува длабока лична трансформација, соочување со одговорноста и почеток на позрело поглавје во животот.

Сатурн е планета која во астрологијата претставува дисциплина, структура, одговорност, ограничувања, карма и животни лекции, па нејзиното враќање речиси секогаш носи големи промени, интроспективни моменти и за многумина претставува период на предизвици и преиспитување на животните одлуки.

Зошто е важно враќањето на Сатурн?

Овој астролошки настан честопати се смета за почеток на „вистинската возрасна доба“. Во текот на своето враќање, Сатурн ве соочува со вашите избори, навики и животен пат. Ако досега сте одбегнувале одредени одговорности, сте живееле несвесно или сте ги игнорирале сопствените потреби, враќањето на Сатурн носи моменти на будење.

Можните промени вклучуваат:

  • Прекин на врска
  • Промена на кариера
  • Селидба
  • Родителство
  • Започнување сопствен бизнис
  • Соочување со трауми од минатото

Сите овие настани може да бидат форми на трансформација кои Сатурн ги иницира за да ве постави на поцврсти, позрели и поавтентични темели.


Поврзани објави

Како да знаете дека сте во Сатурновото враќање?

Ако сте во доцните дваесетти или раните триесетти и имате чувство дека животот ви се менува од корен, постои голема веројатност дека сте во првото Сатурново враќање.

Можни симптоми:

  • Интензивна потреба да преиспитате кои сте и што сакате
  • Раскинувања, крај на пријателства или напуштање на старите начини на однесување
  • Соочување со последиците од одлуките од минатото
Како да го преживеете (и да го искористите) Сатурновото враќање?

Сатурн не носи предизвици за да ве скрши, туку за да ве зајакне. Клучот лежи во прифаќањето на одговорностите, во искреното соочување со себе и подготвеноста на промени.

Чекори што може да ви помогнат:

  • Прифатете ги промените – колку и да се страшни, ве водат кон вашата поавтентична верзија.
  • Бидете трпеливи со себе – Сатурн поттикнува на бавен и стабилен развој.
  • Работете на емоционалната и финансиска зрелост – Поставувајте граници, штедете, планирајте долгорочно.
  • Запрашајте се: Што навистина сакам во животот? И бидете искрени!