Пејачката и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ поседуваат ексклузивна недвижнина која наскоро ќе биде понудена на продажба
Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живоjиновиќ се сопственици на луксузна вила во Мајами, чија вредност се проценува на околу 18 милиони долари. Имотот се наоѓа директно на брегот на океанот и претставува вистинска оаза на луксуз и приватност.
Вилата се простира на 557 квадратни метри и располага со шест спални соби и шест бањи, две комплетно опремени кујни, како и бар под отворено небо. Додека не се реализира продажбата, семејството Живоjиновиќ ужива во сите придобивки што ги нуди животот покрај океанот.
Боба неодамна откри дека одлучиле да ја продадат куќата, иако размислувале и за изнајмување. Како што изјави претходно за српските медиуми, изградбата започнала минатата година и ќе биде завршена за рекордно краток рок, што е реткост за Мајами. Како споредба, тој посочи дека куќата на нивната сосетка, поранешната тенисерка Мартина Навратилова, се градела речиси три и пол години.
Причината за продажбата, според него, е тоа што нивниот бизнис е повеќе врзан за Европа, а би било штета ваков имот на атрактивна локација да стои празен. Дополнително, по пандемијата на коронавирусот, Мајами стана една од најбараните дестинации за живеење, што значително ја зголеми вредноста на ваквите недвижнини.
Printscreen/Instagram/lepabrenaa