Почетна Убавина и здравјеЗа Нова година посакува само едно (ВИДЕО) – Убавина и здравје

За Нова година посакува само едно (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Јелена Карлеуша во празнично видео откри дека има само една желба – и воопшто не е скромна

Музичката дива Јелена Карлеуша во пресрет на Новата година повторно го привлече вниманието на јавноста со провокативен и хумористичен настап. Во кратко видео со Дедо Мраз, таа откри дека за празниците посакува само едно – многу пари.

Карлеуша сними специјален новогодишен шоу-програм, за кој облече впечатлив црвен латекс-комбинезон што ги истакна нејзините атрибути. Во видеото ѝ друштво прават Дедо Мраз и неколку Баба Мразици, а како музичка подлога ја искористи познатата празнична песна „All I Want For Christmas“ од Мараја Кери.

Целиот настап беше замислен во шеговит и гламурозен тон, во препознатлив стил на пејачката, која и овојпат не се воздржа од самодоверба и екстраваганција. Видеото брзо привлече реакции на социјалните мрежи, каде фановите ја пофалија за изгледот и хуморот.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ

Покрај ова, Карлеуша се појави и во новогодишната програма на ТВ Пинк, каде заедно со бројни колеги, меѓу кои и Радишa Трајковиќ Ѓани, ги изведе своите најголеми хитови и беше една од највпечатливите ѕвезди на вечерта.

Instagram prinscreen/karleusastar