Оваа докторка почувствувала 2 симптома и открила дека има рак на дебелото црево
Докторката гинеколог Лорен Џуи (37) од Флорида забележала два благи симптома, по што ѝ бил откриен рак на дебелото црево во четврти стадиум.
Таа истакнала дека ќе можела да го одбегне ракот ако знаела на што треба да обрне внимание, па сега целта ѝ е да ја подигне свеста за помалку познатите симптоми на овој карцином, за да бидат и другите луѓе запознаени со нив. Ова особено им го советува на луѓето кои не прават редовни прегледи.
Таа раскажала дека почнала да се чувствува уморно во август 2022 година. Како и многумина, тоа му го припишала на начинот на живот, сè додека не ѝ се појавило и чувство на „тежина во карлицата“, поради што се посомневала дека нешто не е во ред.
Кога чувството на тежина се засилило, направила ултразвук, при што било откриено дека има маса поголема од нормален јајник. Докторката се консултирала со други лекари и побарала повеќе мислења, но сфатила дека ситуацијата не е добра, кога масата пораснала од 8 на 24 сантиметри во рок од две недели.
Рекла дека никогаш не видела бенигнен тумор да расте толку брзо, па се посомневала дека масата ќе биде канцерогена, а претпоставувала дека станува збор за рак на јајник. Но и покрај брзиот раст, таа немала други симптоми.
На докторката Џуи на крајот ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево во четврти стадиум и започнала со хемотерапија шест месеца, по што продолжила да работи за да не мисли на својата здравствена битка.
Поврзани објави
До септември 2022. направила операција, а во март минатата година поминала низ уште една операција.
Мајката на две деца рекла дека сака да ги поттикне другите да внимаваат на раните знаци на предупредување на болеста, како што се заморот и чувството на тежина во карлицата, особено оние што се помлади.
Во Велика Британија, скринингот на рак на цревата им е достапен на сите од 60 до 74 години, а моментално се проширува и на сите помеѓу 50 и 59 години.
Но докторката апелирала до младите, кои не прават скрининг, да обрнат внимание на симптомите, бидејќи тие можат долго да останат незабележани и можат да претставуваат ризик ако не се сфатат сериозно.
Други симптоми на карцином на дебелото црево се:
- промени во празнењето на цревата – дијареја или констипација што не се вообичаени за вас.
- почеста или поретка столица што не е вообичаена за вас
- крв во изметот, која може да изгледа црвено или црно
- болка во стомакот
- подување
- слабеење
- чувство на замор без причина
ФОТО: Инстаграм