Пејачката со сестра ѝ Кристина доживеа несекојдневна авантура на пат до плажа, а снимките ги насмеаја следбениците
Пејачката Наташа Беквалац моментално престојува на егзотичниот Тајланд, каде ужива во семеен одмор. Заедно со сестра ѝ Кристина, таа редовно споделува моменти од патувањето на социјалните мрежи, а една авантура посебно го привлече вниманието на јавноста.
Сестрите Беквалац открија со какво превозно средство се движеле кон плажата, по прилично сомнителни и нерамни патишта. Тие се одлучиле за специјално возило во кое патниците седат позади, нешто што на Наташа очигледно не ѝ било пријатно.
Фотографии може да погледнте ОВДЕ
Поврзани објави
За време на возењето, пејачката нервозно се смееше, цврсто држејќи ја ќерката Катја, која седеше пред неа. Со хумор и мала доза паника, сестрите коментираа дека имаат чувство како секој момент да ќе се превртат, што дополнително ги насмеа нивните следбеници.
Сепак, авантурата заврши без никакви проблеми. Со олеснување и насмевка, тие им порачаа на фановите дека стигнале „живи и здрави“, покажувајќи дека и ваквите моменти се дел од шармот на патувањето.
printskrin youtube – bekvalac – FullScreen Media