Парфемот на Моника Белучи освојува од прва
Безвременската убавица ја продолжи апенинската „femme fatale“ низа која ја започнаа иконите на „Чинечита“, Софија Лорен и Џина Лолобриџида.
Во светот на шоу-бизнисот влегла како модел, но во меѓувреме станала една од најголемите италијански филмски диви. Позната по беспрекорниот стил, Моника Белучи верува дека и мирисот има моќ да остави трајна трага во сеќавањето на луѓето, а овој парфем е нејзиниот фаворит.
Славната актерка е муза и инспирација за многу режисери и модни креатори. Нејзините сонародници Доменико Долче и Стефано Габана ја сметаат за божество, па таа одамна стана амбасадорка на нивниот бренд. На почетокот на овој век, таа била заштитно лице на парфемот на „Долче и Габана“ Sicily, но нејзиниот омилен мирис се крие во друго шишенце со етикета од истата парфемска куќа.
Омилениот парфем на Моника Белучи
Поврзани објави
Нејзиниот избор паднал на Dolce Rosa Excelsa, кој познатиот бренд го преставил во 2016 година. Парфемот совршено ја одразува нејзината посебност, суптилност и сензуалност и претставува своевидна ода на италијанската жена и женственост.
Композицијата започнува со егзотичен овошен коктел – со цветови на папаја и свежи листови нероли. Главната состојка, белиот амарилис, се наоѓа во срцевината на парфемот, заедно со белиот воден лотос и нарцис, а присутни се и две рози – турска и првпат употребената сорта African dog. Дрвенестата и благо пикантна база содржи акорди на сандаловина, кашмир и мошус – топли и длабоки ноти што го прават овој парфем незаборавен.
Елегантен, романтичен и неодолив, со дискретна доза на гламур. Токму таков впечаток остава Моника Белучи каде и да се појави. Миризливиот еликсир се содржи во префинето шишенце од мат стакло во нежно розова нијанса, украсено со црвено капаче во форма на цвет. Dolce Rosa Excelsa совршено им одговара на жените кои оставаат силен печат со својата појава и божествена убавина.
ФОТО: Пинтрест