Почетна Убавина и здравјеЕве каде ја бара својата „терапија“, со овој познат водител се бакнува во уста (ФОТО) – Убавина и здравје

Еве каде ја бара својата „терапија“, со овој познат водител се бакнува во уста (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Победничката на „Никогаш не е доцна“ откри дека годините не ѝ го промениле животниот ритам – сè уште вози, патува, плива и има свој рецепт за да остане активна.

Добрила Ивановска Чабриќ е доказ дека бројката на годините не мора да значи и забавување на животот. На прагот од 99-от роденден, познатата пејачка и понатаму има енергија за активности кои многумина не би ги очекувале од човек на нејзина возраст.

Ноќите, на пример, не ги поминува задолжително дома. Добрила открива дека сака да излегува во казино, каде што се среќава со пријатели, меѓу кои има и луѓе кои доаѓаат од Грција. Токму атмосферата таму, вели таа, ѝ носи возбуда, смеа и дружење и ја доживува како еден вид терапија.

И кога одењето е потешко – таа не се откажува од пливањето

Добрила признава дека денес одењето ѝ е нешто потешко, но тоа не ја спречува да оди до Дојранското Езеро. Се вози со автомобилот до езерото, ги завршува обврските и влегува во вода за да исплива.

А токму активноста, според неа, е еден од клучевите за добар дух. Таа сè уште сама управува со автомобил, патува низ регионот и постојано наоѓа нешто со кое ќе си го исполни денот.


Поврзани објави

Не сака да мисли на староста и болестите

Наместо да се оптоварува со годините, Добрила вели дека најмногу ѝ помага работата. Кога нешто ја преокупира, не размислува за болки, болести или стареење.

Голема љубов ѝ е и плетењето и креирањето облека, активност со која има подготвено и три модни ревии. За неа, рачната работа не е само хоби, туку начин да остане активна и исполнета.

Во една прилика на социјалните мрежи се прошири и фотографија на која се бакнува со водителот Жика Јакшиќ, но по се изгледа, како што коментираат дел од фановите, е само момент „фатен“ во вистинско време.

Screenshot youtube

Screenshot youtube