Почетна Убавина и здравјеЕве каде се рехабилитира Весна Змијанац по операцијата на срцето (ВИДЕО)

Еве каде се рехабилитира Весна Змијанац по операцијата на срцето (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за

Пејачката мирот и опоравувањето ги пронајде во својата куќа на Букуља, далеку од градската врева

Пејачката Весна Змијанац по извршената операција на срцето се повлече од градот и периодот на рехабилитација го минува во својата куќа на планината Букуља. Таму, опкружена со природа и тишина, таа се фокусира на сопственото здравје и закрепнување.

На Весна ѝ била извршена ревакскуларизација на артерија, по што одлучила да побара мир далеку од градската бучава. Екипа на медиуми ја посети Букуља и пред нејзиниот дом затекна отворена капија и автомобил, а на прозорците се забележуваше жена која ѝ помага и се грижи за неа во овој чувствителен период.

Иако дел од соседите сметаат дека претходно не водела доволно грижа за себе, пејачката сега свесно решила да се посвети на одмор и здравје. Деновите ги минува во мир, далеку од очите на јавноста, без стрес и обврски.

Поврзани објави

Видеото може да го погледнете ОВДЕ

Сепак, таа не е сама – често ја посетува ќерката Николија, заедно со своите деца, кои ѝ даваат дополнителна сила и причина за насмевка. Бидејќи здравствената состојба веќе не е критична, Весна повеќе не е под постојан лекарски надзор и постепено се подготвува за враќање во нормалниот ритам

printskrin youtube – zmijanac- kurir