Мишел има само 37 години, а веќе е баба на две девојчиња што ги родила нејзината ќерка на 18 и 21 година
Мишел денес има 37 години, нејзината ќерка има 24, а во видеото што го објавила оваа мајка на ТикТок открива дека никогаш не престанала да се соочува со осудите поради тоа што родила толку млада.
Имено, Мишел објавила видео полно со саркастични изјави, од кои може да се согледа со што се соочувала сите овие години:
„Ја родив на 13 години, секако дека сите мислите дека требало да му ја дадам на некој друг да ја чува.“
@micheleeeed Grandma at 31. #youngmom #younggrandma #millennialgrandma #girlmom #grandmaat31 #grandmas ♬ original sound – Michele ☀️
Таа додала дека ја осудуваат секој ден последните две и пол децении, ѝ порачуваат дека ја изневерила својата ќерка, како и дека е лош пример.
Со оглед на возраста на која забременила, оваа мајка завршила средно училиште во истото време кога нејзината ќерка завршила предучилишно образование, на 31 година веќе станала баба, откако и нејзината ќерка родила дете како тинејџерка. Поради тоа, во видеото се пошегувале дека мајка ѝ не ја научила што е тоа контрацепција.
Поврзани објави
„Сè уште морам да им ги кревам вилиците на луѓето од подот кога ќе дознаат дека имам 24-годишна ќерка и две внуки“, признала Мишел во видеото.
@micheleeeed I’m a Millennial Grandma, OF COURSE…. #younggrandma #teenmom #teenpregnancy #youngmom #agegap #13 #ofcourse #teenmoms #generations #grandma ♬ original sound – Michele ☀️
Оваа мајка истакнала и дека често добива коментари дека на нејзината ќерка би ѝ било подобро со некоја друга мајка, која би можела сè да и овозможи.
Иако добила различни коментари под ова видео, имало и такви што ѝ изразиле поддршка.
„Си ја родила на 13 години. Си го направила тоа што си морала да го направиш и само напредувате, браво“, „Сè што слушам тука е дека сте блиски и дека твоите внуки имаат баба која и понатаму има енергија да ги следи“, „Ти си храбра, прекрасна жена! Многумина не би донеле таква одлука на твое место“, ѝ пишувале жени, а некои коментирале дека и самите рано станале мајки.
„Моето прво дете го родив на 15 години. Беше многу тешко и можеби ќе му беше подобро со некоја богата мајка, но успеавме! Неверојатна си“.
ФОТО: ТикТок