Поранешната пејачка сподели кои лекции ги научиле како семејство на првиот заеднички одмор
Пејачката и претприемачка Ева Нединковска на почетокот од месецот се венча со својот сакан Филип, неколку месеци по нивната свршувачка.
Таа долго криеше својот избраник, но откако ја крунисаа својата љубов со брак, редовно споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Овој пат, поранешната пејачка сподели албум со фотографии од нивниот летен одмор.
„Првиот одмор како семејство. И првите лекции од едно ново ‘ние’“, напиша таа во описот.
Покрај фотографии на кои се гледа како таа, ќерка ѝ и сопругот уживаат на плажа, се забавуваат на вечерните прошетки и испробуваат вкусна храна, Ева Нединковска сподели и кои лекции ги научиле за време на нивниот прв одмор како семејство.
1. Почетоците бараат усогласување.
2. Не претпоставуваме – разговараме за да разбереме.
3. Секој сам е одговорен за својот раст.
4. Ветувањата – секојдневно во пракса.
Поврзани објави
5. Се потпираме на Неговото водство и мудрост во сè.
6. Даваме и примаме со благодарност.
7. Одморот е важен дел од движењето напред.
8. Не чекаме животот да се случи – активно го создаваме.
9. Дисциплина и во паузите.
10. Секој ден жив живот е драгоцен подарок – не го земаме здраво за готово.
11. Живееме денес, присутни – не во чекање на совршено „утре“.
12. Од „јас“, „ти“ и „таа“ учиме да градиме „ние“.
„Бракот и заедништвото не значат дека двајца или тројца луѓе одеднаш имаат ист ритам, исти потреби, исти навики и ист светоглед. А семејството не се создава одеднаш, по една церемонија, туку се гради свесно во илјадници мали секојдневни избори“, заклучува Ева.
ФОТО: ИНСТАГРАМ