Патот до успехот на познатата актерка Софија Лорен
Карло Понти имал кариера, жена и 37 години, а потоа ја видел Софија Лорен на избор за Мис.
Иако имала само 15 години, тој во неа видел нешто посебно – веднаш знаел дека е родена за да биде дива! Таа дива минатиот месец наполни 90 години, а ова е нејзината животна приказна.
Карло Понти ѝ кажал на Софија Лорен дека е многу добра и дека ќе стане филмска ѕвезда, но мора да ги стесни колковите и малку да го скрати носот.
На Софија не ѝ било пријатно да го слушне тоа: таа се сакала себеси и начинот на кој изгледала. Рекла дека нема да менува ништо на себе. По тие зборови, Понти бескрајно ја почитувал: дотогаш се имал навикнато на фактот дека девојките се подготвени да направат сè за да станат познати.
Седум години подоцна, на 17 септември 1957 години, двојката ја официјализирала својата љубов. Веќе разделен од својата прва сопруга Џулијана, со која имал син, познатиот филмски продуцент поднел барање за развод на бракот во Мексико и набрзо потоа се оженил со Софија. Младенците направиле прослава дома.
Наредниот месец католичката црква го обвинила Карло за бигамија и излегло дека бракот со Софија нема да му биде признаен. Дури по години и години влечкање по судови, обвинението било повлечено. Двојката немала друг избор освен да го анулира бракот, што и го направиле во 1962 година.
И покрај огромната разлика во годините (22), нивната љубов го победила забот на времето. Парот добил две деца, синовите Карло Јуниор и Едуардо. Останале во брак повеќе од 50 години, сè до смртта на Понти на 10 јануари 2007 година.
Поврзани објави
Понти бил заслужен за процутот на кариерата на Софија. Се чувствувал како да држи редок дијамант во рацете.
Пред да се венчаат, Понти со месеци се допишувал со Софија: ја учел како да зборува без неаполски акцент, како да се шминка и чешла, за да не личи на провинцијалка. Ја натерал да чита класична литература и да слуша класична музика.
Дури и ја убедил да оди нишајќи ги колковите: поставувал масички со фиоки во цик-цак позиција, а Софија минувала помеѓу нив и ги затворала фиоките со колковите.
Нејзиното вистинско име е Софија Вилана Шиколоне, но Понти го измислил псевдонимот Софија Лорен, по кој и станала позната.
Софија Лорен и Карло Понти живееле заедно половина век. Софија постојано зборувала дека не би била тоа што е без сопругот и дека самиот Бог ѝ ја испратил таа љубов.
Две години по смртта на сопругот, кога ја прашале дали планира повторно да се омажи, таа одговорила:
„Не, никогаш повеќе. Би било невозможно да сакам некој друг!“
ФОТО: Принтскрин Инстаграм