Нашата писателка редовно споделува совети за помирен и поисполнет живот
Нашата писателка Ксенија Николова ја започна новата работна недела со моќна порака. Овој пат, таа открива како се справува со манипулаторите кои постојано лажат и мислат дека сите „паѓаат“ на нивните лаги.
Сите сме се соочиле со такви луѓе во нашата околина и знаеме колку тоа може да биде напорно и фрустрирачки. Колку и да се обидуваме да се докажеме, едноставно, не можеме да победиме во дискусијата со нив. Како последица на тоа, трошиме нерви, а не постигнуваме ништо.
За да си заштедите енергија и да си го сочувате мирот, послушајте го советот на Ксенија. Имено, таа го открила лекот за манипулаторите и хронолошките лажговци. На нивните лаги, таа одговара само со „Да, така е.“
„Да влегувам во залудни дискусии? Не ми паѓа на памет. Пола здравје е да се тргнеш од сѐ што однапред е осудено на пропаст, лажење и манипулирање, па секој искрен разговор би завршил во уште еден обид за лажење за досегашното лажење. Не, благодарам, јас со себе не си носам сѐ што не е мое, твои лаги, твој проблем. Од мене имаш едно златно: ‘Да, така е.’“
Поврзани објави
Наместо да се расправа и да започнува бесконечни дискусии, нашата писателка свесно се повлекува, се согласува со нив, наместо да им противречи и на тој начин, одбива да ја храни нивната константна потреба за внимание. Погледнете го нејзиното целосно обраќање во видеото во продолжение…
Што мислите вие за тактитката на писателката Ксенија Николова? Како вие се справувате со манипулаторите во вашата средина?
ФОТО: ИНСТАГРАМ