Сонце, море, плажа, добра музика и многу време поминато со најблиските, летото е навистина создадено само за уживање. А што носи со себе на летен одмор една од омилените млади македонски пејачки, Јана Спирковска? Покрај очилата за сонце, пешкирот и доброто расположение, таа има уште еден задолжителен дел од својата летна рутина – висока заштита од сончевите зраци.
„Со другарките максимално го користиме летото, а јас не правам компромис кога станува збор за негата на мојата кожа. Од почетокот на мај, Eucerin Sun Oil Control 50+ серумот е дел од мојата секојдневна рутина, особено во деновите кога поминувам повеќе време на сонце. Толку ми е практичен што секогаш го носам со себе, а успеав да ги „заразaм“ и другарките, сега и тие го користат“, споделува Јана Спирковска.
И навистина, кога денот е исполнет со капење, читање книга, сладолед и дружење, последното нешто за кое сакате да се грижите е дали сте ја заштитиле кожата. Заштитата од сонце не треба да биде нешто на кое се потсетуваме дури кога кожата ќе почне да црвени или да изгори, туку едноставен чекор што природно се вклопува во летната рутина.
Особено кога сме на плажа и поминуваме подолг период на отворено, важно е кожата да добива соодветна заштита од UV-зрачењето. Токму затоа серумот Eucerin Sun Oil Control SPF 50+ комбинира многу висока UV-заштита со ултра лесна текстура, што го прави практичен за секојдневна употреба и лесен за носење каде и да одите – на плажа, на патување, на планина или едноставно во вашата дневна чанта. Серумот брзо се впива, остава мат финиш и е специјално развиен за комбинирана и мрсна кожа, склона кон несовршености. Така, високата заштита не мора да значи тежок или непријатен производ на лицето, туку напротив, може да стане дел од рутината што со задоволство ќе ја повторувате секое утро.
Ако и вие сакате летово да го искористите секој момент, од првото утринско капење до последниот сладолед пред зајдисонце, направете го она што го прави Јана: спакувајте го Eucerin Sun Oil Control 50+ серумот заедно со останатите летни must-have работи и тргнете на вашето на ново патување.
Особено кога сме на плажа и поминуваме подолг период на отворено, важно е кожата да добива соодветна заштита од UV-зрачењето. Токму затоаEucerin Sun Oil Control Daily UV Serum SPF 50+ комбинира многу висока UV-заштита со ултра лесна текстура, што го прави практичен за секојдневна употреба и лесен за носење каде и да одите -на плажа, на патување, на планина или едноставно во вашата дневна чанта. Серумот брзо се впива, остава мат финиш и е специјално развиен за комбинирана и мрсна кожа, склона кон несовршености. Така, високата заштита не мора да значи тежок или непријатен производ на лицето, туку напротив, може да стане дел од рутината што со задоволство ќе ја повторувате секое утро.
Ако и вие сакате летово да го искористите секој момент, од првото утринско капење до последниот сладолед пред зајдисонце, направете го она што го прави Јана: спакувајте го Eucerin Sun Oil Control 50+ серумотзаедно со останатите летни must-have работи и тргнете на вашето на ново патување.