Почетна Убавина и здравјеДобро запомнете го ова! – Убавина и здравје

Добро запомнете го ова! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Не се вели без причина дека кучето е најдобриот пријател на човекот

Сигурни сме дека многу пати досега сте слушнале дека кучињата имаат позитивно дејство на своите сопственици, но и дека чувствуваат кога нешто не е во ред. Освен тоа, често се полемизира дали нашите домашни миленици можат да почувствуваат кога некој лаже или има лоши намери. Токму со таа тема се занимавал Акико Такаока, истражувач од Катедрата за психологија на Универзитетот во Токио.

За време на неколкугодишната истражувачка работа поврзана со когнитивниот развој на животните, на неколку различни начини ја тестирал идејата дека кучињата знаат кога некој ги лаже и дека ги паметат луѓето што го направиле тоа. Оваа премиса се покажала точна – и не само тоа! Кучињата ја губат довербата во личноста што ги излажала.

Еден од тие експерименти изгледал вака: имало неколку садови со храна, волонтер и кучиња. Друг човек поставувал празни садови, што тие не можеле да го видат додека не им се приближиле. Постапката била повторена неколку пати, а на крајот се покажало дека кучињата паметеле кој ги излажал. Кога таа личност ќе влезела во просторијата, повеќето кучиња биле рамнодушни, но неколку од нив биле лути. Истовремено, тие покажале приврзаност кон оние што не ги измамиле.


Поврзани објави

Друго истражување, што го спровеле научници од Катедрата за психологија на Универзитетот во Кјото, покажало дека на кучињата им е јасно кога некој се однесува лошо со човечките членови на нивното семејство и дека постапуваат во согласност со тоа. Што ќе направат зависи од карактерот на кучето, но разбираат што се случува.

Во експериментот учествувале кучиња во придружба на своите сопственици и неколку волонтери што тие не ги познавале. Тие имале задача: дел од нив се однесувале убаво со сопствениците, а други викале на нив и се однесувале агресивно.

Потоа, кога волонтерите им понудиле храна на кучињата, откриле нешто многу интересно. Оние што се однесувале добро со нивните сопственици, немале проблем: кучињата ги прифатиле нивните закуски и се галеле. Но оние што биле безобразни, предизвикале негативна реакција: некои кучиња не сакале да го прифатат бисквитот, некои го прифатиле, но дури и тие што го зеле, не биле расположени за понатамошно дружење, туку само се оддалечиле.