Почетна Убавина и здравјеПовторно го спасила од невиден срам! – Убавина и здравје

Повторно го спасила од невиден срам! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Доналд Трамп останал да стои мирно, иако сите пред и околу него почнале да се ракуваат, а потоа, Меланија му го шепнала ОВА

Првата дама Меланија Трамп, како и многу пати досега, го спасила својот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп, од уште еден контроверзен гаф.

Имено, откако за време на погребната миса за папата Францсик биле повикани верниците од олтарот да си дадат знак на мир едни на други, ракувајќи се меѓусебно, Доналд Трамп продолжил мирно да стои, иако сите пред и околу него почнале да се ракуваат и да си велат „мир со вас“.


Поврзани објави

Тогаш, му се приближила сопругата Меланија и, според форензички читач од усни, двапати му шепнала: „Би требало да го направиш тоа“, на што тој, наводно, кажал: „О, добро“, и почнал да се ракува со тие што му биле најблиску.

ФОТО: Принтскрин Јутјуб

Се ракувал со естонскиот претседател Алар Карис, шпанскиот крал Фелипе Шести и неговата сопруга Летиција, а потоа се свртел кон францускиот претседател Емануел Макрон и му подал рака. Како и секогаш кога се ракуваат Макрон и Трамп, и овој пат тоа траело предолго и било чудно.