И закопчана до грло, актерката ја распламти машката фантазија
Лидија Вукиќевиќ повторно ги воодушеви своите следбеници со нова фотографија што ги разгоре социјалните мрежи. Иако овојпат беше облечена во сина кошула-фустан, закопчана до последното копче, актерката сепак успеа да остави силен впечаток – со еден потег.
На фотографијата, Лидија ја подигнала ногата на столица, откривајќи ја целосно преку длабокиот шлиц на фустанот. Овој момент, иако естетски и стилски, веднаш стана тема на многу коментари, со фанови кои повторно ја прогласија за една од најатрактивните жени на нашите простори.
Поврзани објави
Вукиќевиќ не крие дека со години вложува во својата нега и изглед. Таа открива дека започнала да се грижи за кожата уште од петнаесетгодишна возраст, користејќи креми прилагодени за секоја фаза од животот. Според неа, негата не може да се надомести подоцна во животот, и секој што сака да изгледа младолико треба навреме да започне.
Покрај естетските совети, таа неодамна емотивно зборуваше и за последниот момент со својата мајка, потсетувајќи дека зад нејзиниот јавен сјај стојат и длабоки лични приказни.
printskrin Youtube-HYPE TV