21
Јавната сцена во Македонија е завиена во црно по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 59 лица, вклучувајќи и осум члена на тимот на ДНК, меѓу кои и пејачот Андреја Ѓорѓиески – Андреј.
Поврзани објави
Неговата сопруга Наталија Ѓорѓиеска се огласи на Инстаграм, апелирајќи до медиумите и институциите да ја вршат својата работа совесно и да не им го отежнуваат овој тежок период на семејствата на загинатите.
Фото: Printscreen Instagram (natalija.gjorgjieska)