Почетна ЕкономијаДиректорот на Детска клиника го враќа на работа братучедот, кој претходно е разрешен и тужен од болницата!

Директорот на Детска клиника го враќа на работа братучедот, кој претходно е разрешен и тужен од болницата!

од nenad
1 минути читај за




Откако на директорската фотелја на Детска клиника седна Реџеп Мемеди, веднаш како негова десна рака секојдневно се појавува неговиот братучед Аљајадин Мемеди, кој не е работно ангажиран и никој не знае во која улога доаѓа. Сепак, братучедот не е анонимен лик, туку тој до пред две години беше економски директор на истата клиника и беше разрешен поради наводни злоупотреби констатирани во извештајот на ДЗР.

   

Дури, клиниката води и судски спор против него за враќање пари.Од друга страна, пак, актуелниот директор упорно го брани, тврдејќи дека е погрешно пресметан коефициентот за плата, па затоа тој имал 2.300 евра повеќе и дека нема никаква црна дамка во неговата кариера, освен што финансиски ја подобрил работата на клиниката. Дури размислува и повторно работно да го ангажира како консултант.