Почетна ЕкономијаЈужна Кореја одобрува безвизен влез за кинески туристички групи

Јужна Кореја одобрува безвизен влез за кинески туристички групи

од nenad
1 минути читај за

Јужна Кореја започна со безвизен пристап за кинески туристички групи, почнувајќи од денес. Оваа одлука има за цел да ја поттикне економијата и да ги зајакне односите меѓу Сеул и Пекинг.

Како дел од пробната програма, која ќе трае до јуни наредната година, групи од три или повеќе туристи од копнена Кина ќе можат да престојуваат во државата до 15 дена без потреба од виза.

Програмата, најавена во март, доаѓа по одлуката на Кина во ноември минатата година да овозможи патување без визи за јужнокорејските државјани до 30 дена.

Се очекува дека оваа иницијатива на новата администрација на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјеон дополнително ќе ги унапреди односите со Кина, особено за време на очекуваната посета на претседателот Си Џинпинг на Јужна Кореја кон крајот на октомври, по повод самитот на Азиско-пацифичката економска соработка.

“ми/фото: МИА архива .”

Извор: МИА