74
Дејвид Бекам се појави на доделувањето на БАФТА наградите и одржа говор, а со само една реченица ги разбесни Британците.
За време на својот говор на сцената, фудбалерот го кажа зборот „soccer“, американскиот збор за фудбал, наместо британскиот збор „football“ на неговиот мајчин јазик.
Поврзани објави
Овој момент брзо се прошири на социјалните мрежи, а особено ги налути Британците кои го критикуваа дека им „ласка“ на Американците.
На доделувањето Бекам се поздрави и со принцот Вилијам, кој на доделувањето дојде без сопругата Кејт Мидлтон за првпат по многу години.