Кога веќе полниш 25 години, зошто да биде тоа обичен роденден кога можеш да приредиш цела рококо бајка?
Популарната дизајнерка Матеа Драгшиќ го прослави својот 25. роденден со гламурозна прослава инспирирана од една од најраскошните епохи во историјата на модата и уметноста – рококо. И, судејќи според фотографиите, ниту еден детаљ не бил препуштен на случајноста.
Матеа изгледала како да излегла директно од дворец од XVIII век, облечена во впечатлив златен фустан со богати бели детали од тантела, нагласен корсет и бисерен ѓердан. На лицето носела декоративна маска, додека комбинацијата ја заокружила со раскошен украс со пердуви на главата и ладало – детали кои совршено се вклопуваат во целата естетика.
И гостите ја испочитувале темата, претворајќи ја прославата во своевиден моден спектакл. Раскошните фустани, корсетите, тантелата, бисерите и впечатливите модни додатоци се претопиле со декорацијата, која изгледа како сценографија за бал во некој европски дворец.
Поврзани објави
Свеќници, раскошни лустери и богати декоративни елементи – сето тоа создало драматична атмосфера што вешто ја доловува естетиката карактеристична за рококо периодот од историјата.
А кога станува збор за роденденската торта, Матеа се одлучила за минималистичка бела торта со нежна текстура и бисерни детали. Елегантна, суптилна и доволно впечатлива за да се вклопи во целата приказна.
Целата прослава изгледа како спој на мода, театар и историска романтика, а Матеа уште еднаш покажа дека кога дизајнерка ја организира сопствената прослава, роденденот лесно може да се претвори во целосен визуелен концепт.
На 25 години, наместо само роденденска забава, таа си подари свој мал дворец, свој бал и цела ера – барем за една ноќ.