Не смеат да бидат љубовна двојка
Анѓелка Прпиќ најголемата популарност ја стекна во комедијата „Андрија и Анѓелка“, во која кадарот и животот го делеше со колегата Андрија Милошевиќ.
Андрија и Анѓелка, пар во триесеттите години, се типичен пример за тоа што се случува кога маж и жена живеат заедно. Иако се во врска со години и искрено се сакаат, често се нервираат еден со друг, без разлика дали се во спалната соба, во супермаркет или на вечера со пријателите.
Андрија Милошевиќ моментално глуми во серијата „Лесно му е на Рале“, но Анѓелка ја нема.
Поврзани објави
И таа беше во игра. Сепак, Анѓелка има договор, поради франшизата „Андрија и Анѓелка“, во следните десет години двајцата да не се појавуваат во ниту една друга серија или реклама како брачен или љубовен пар – открива пиарката на овој проект Татјана Илиќ.
Некои би рекле дека потпишале договор со ѓаволот. Серијата е снимена во 2015 година, па оваа забрана важи до 2025 година.
Фото: Prinscreen Youtube
Инспирирано од: www.ubavinaizdravje.mk