Полициската единица која се наоѓала на контролниот пункт во Бистрица, општина Лепосавиќ, денеска се обидела да запре автомобил кој удрил во возило на косовската полиција, загрозувајќи ги животите на полицајците, кои пукале со цел да ја неутрализираат опасноста, соопшти косовската полиција на Фејсбук.
Осомничените со своето возило го напуштиле местото на настанот, додека истрагата за случајот се спроведува во соработка и координација со правосудните органи“, се вели во соопштението.
Во врска со случајот, полицијата на Косово го известила Полицискиот инспекторат на Косово за понатамошни постапки.
Како што се наведува во соопштението, на пунктот во Бистрица е распоредена полициска единица со цел одржување на редот и јавната безбедност, како и спречување на криминал и шверц.
ЛИНК од објавата на косовската полиција