Почетна Економија(ВИДЕО) Тетовско под гасна комора, 8 часа беснее пожарот во магацинот во Фалише

(ВИДЕО) Тетовско под гасна комора, 8 часа беснее пожарот во магацинот во Фалише

од nenad
1 минути читај за

   

„Пожарот се уште е активен, гасиме со сите расположливи средства туку се и приватни фирми кои со својата механизација помагаат“, велат од Територијалната противпожарна единица Тетово.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека загадувањето е големо и е во радиус од 2 километри околу објектот. Ќе мора да се направат дополнителни испитувања, додаваат оттаму.

„Наша препорака оти и во моментов имаме големо аерозагадување и пожарникарите се изложени на опаснот и сите ние кои сме овде, без потреба тука да не бидеме на ова место. И во радиус од 2 километри околу објектот, без потреба да не излегува населението. Ќе се изврши испитување на водата, почвата, но во прво време и вие како новинари сте изложени на ризик, изјави попладнево доктор Ратко Давидовски специјалист по хигена и здравствена екологија.

Од Центарот за управување со кризи апелираат до граѓаните ако немаат потреба да не поминуваат околу објектот оти аерозагадувањето е многу големо.

„Постои опаснот целата зграда да падне, надворешните ѕидови може да бидат урнати оти постои голема температура. Полицијата го обезбедува местото да нема некој инцидент и тие кои во оваа околина немаат некоја обврска веднаш да се оддалечат оти квалитетот на воздухот е многу низок. Апелирам до сите жители да не ги отвораат прозорците и да не се движат надвор, се додека не се добијат дополнителни информации. Побарав од надлежното министерство ако има можност да испратат мобилна станица за мерење на загаденоста на воздухот. Стапивме во контакт и со армијата да испратат тим од АБХ односно биолошко- хемиско оружје да се испита дали тука има отрови. Мала е веројатноста да има голем отрови оти ние стоиме овде, но факт е дека има штетни материи во воздухот„, рече Стојанче Ангелов претседател на ЦУК.