Денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе се одржи презентација на 29 нови лесни оклопни возила JLTV, донација од Соединетите Американски Држави.
На настанот, како што е соопштено, ќе присуствуваат високи државни функционери.
Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер ќе ги посетат припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и ќе бидат присутни на демонстрацијата на новите возила.
“Ќе ги посетат припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и ќе присуствуваат на презентацијата на новите возила.”
Фото: МИА архива
Извор: МИА