79
Илјада Руси ќе бидат депортирани од Летонија ако итно не го регулираат својот мигрантски статус. Летонија го промени својот закон за имиграција во есента 2022 година поради руската инвазија на Украина. За да останат легално да живеат во Летонија, Русите мора да аплицираат за дозвола за престој и да докажат дека знаат летонски јазик. Оние кои до тој рок нема да го докажат своето познавање на јазикот и не ги исполнуваат законските услови, мора да ја напуштат државата. Одлуката се однесува на 985 лица, но до април може да опфати 2.500. Руско малцинство има во балтичките земји. foto freepik.com