Почетна Убавина и здравје„Дај, Тончи, само пушти нè!“ – Јелена Розга откри детали од врската со Иван Хуљиќ

„Дај, Тончи, само пушти нè!“ – Јелена Розга откри детали од врската со Иван Хуљиќ

од nenad
1 минути читај за

Јелена Розга првпат јавно проговори за својата врска со Иван Хуљиќ, нагласувајќи колку ѝ значи неговата поддршка.

Бидејќи и двајцата се дел од музичката индустрија, Иван Хуљиќ, син на музчарот Тончи Хуљиќ, има разбирање за нејзините чести патувања и настапи.

За него тоа е сосема нормално. Денес ме праша: „До кога ќе бидеш дома?“ Му велам: „Сега одам, ќе бидам ден и пол, па пак одам.“ Тој: „Па колку те нема?“ Јас: „Пет-шест дена.“ А што ќе прави – мора така, изјави Розга за InMagazin.

Со љубов и толеранција, полесно се поднесува и динамичниот естраден живот.


Поврзани објави

Никогаш не сум сакала да зборувам за приватниот живот, не сакам ни сега. Јас сум како секоја друга жена, тој како секој друг маж. Живееме нормално, правиме сѐ како и сите. Убаво ни е – љубовта е најубавата работа на светот, рече Розга.

Таа се осврна и на семејните собири со фамилиите Хуљиќ и Грашо, за кои вели дека се многу опуштени.

Многу ретко зборуваме за музиката, бидејќи обично и Петар и јас доаѓаме од пат, па сакаме да зборуваме на полесни теми. А Тончи е тој што секогаш почнува со темата песни и работа. Тогаш му велиме: „Дај, Тончи, само пушти нè десет минути да завршиме со ручекот, па потоа ќе зборуваме за сѐ. Ни треба малку одмор“ – раскажа Розга.

Фото: Инстаграм