Дознајте како нередот во домот го одразува внатрешниот хаос и зошто тоа ве спречува да се збогатите, според Илон Маск
Илон Маск некогаш изјавил:
„Средувај го својот дом три часа и ќе сфатиш зошто 99 отсто од луѓето никогаш не се збогатуваат.“
Звучи како совет за чистење, но не е.
Бидејќи нередот околу тебе никогаш не е само прашината. Тоа е мапата во твојата глава, која истекла во просторот. Ако не знаеш да поставиш приоритети, да го исфрлиш вишокот, да го довршиш започнатото и да се соочиш со тоа што ти е непријатно, на истиот начин ќе управуваш и со парите, и со работата и со целиот живот.
Поврзани објави
Сиромаштијата ретко се случува поради недоволно можности. Почесто започнува во секојдневието, доколку сè е наполу довршено, одложено и оставено за подоцна.
Парите не сакаат хаос. Тие се појавуваат таму каде што има ред, јасност и брзо дејствување. Затоа, успешните луѓе не се опседнати со убавината на домот, туку со редот во домот. Редот не е естетика, туку контрола над сопственото опкружување, а таа контрола ги враќа енергијата и стабилноста. Бидејќи кога живееш во хаос, дел од тебе секој ден троши сила само на тоа да се преправа дека не постои тој хаос.
Но еве која е поентата што сите ја прескокнуваат. Ниту еден од овие нереди, всушност, не се однесува на парите и на домот. Секој од нив е неред во главата кој истекол во просторот околу тебе. Надворешниот хаос е само последица на внатрешниот хаос.
Затоа, средувањето на полиците на трае. И затоа не се задржуваат парите. Можеш да ја средиш секоја соба и да ја наредиш секоја полица, но ако умот ти е во хаос, нередот секогаш ќе се враќа. Затоа, прво се средува она што управува со сето тоа. Твојата глава.
ФОТО: ИНСТАГРАМ