Почетна Убавина и здравјеДајте започне на „РАН КОРМОРАН” со најевтините билети за Д Фестивал 2023.

Дајте започне на „РАН КОРМОРАН” со најевтините билети за Д Фестивал 2023.

од nenad
1 минути читај за

Денес започна продажбата на влезници за годинашното тринаесето издание на најочекуваниот фестивалски викенд во годината – „Д Фестивал”. Со специјалната промотивна акција „Ран Корморан” посетителите можат да ги набават своите билети по промо-цена карактеристична за продажната акција. Овие билети важат за тридневните фестивалски влезници со кои посетителите имаат пристап до целосната програма на фестивалот, кој оваа година ќе се одржува од 30 јуни до 2 јули. Тие билети можат да се купат најдоцна до 2 април, онлајн на веб страната на „МК Тикетс” и во нивната продажна мрежа. За годинашниот „Д Фестивал” веќе се во тек и повици за пријавување на учесници и тоа во три категории. Со пополнување на онлајн пријава секој има прилика да биде еден од избраните кои директно ќе бидат вклучени во создавањето на фестивалската магија на омилениот Д Фестивал.