Кога одите во шопинг, можеби ќе се најдете во искушение да облечете неколку случајни парчиња од вашиот плакар и да излезете.
Тоа може да биде добро за секојдневно купување намирници, но некои шопинзи бараат посебен стил. Дури и Џиџи Хадид го знае тоа.
Таа неодамна беше фотографирана во Њујорк на пат кон првиот Vogue Vintage Market.
Џиџи носеше винтиџ-блуза со набрани ракави со весел принт и три копчиња, искинати фармерки со висок струк и едноставни кафени мокасини. Но она што навистина и го привлече вниманието е нејзината чанта.
Манекенката носеше винтиџ-чанта „москино“, во форма на кутија од сок од портокал. Vestiaire Collective е една од продавниците во која моментално е достапна токму ваква чанта по цена од 810 евра. Ова е намалена цена, а чантата порано чинела 990 евра.
Фото: Инстаграм