Пејачката Дара Бубамара со години е една од најбараните изведувачки на српската музичка сцена, благодарение на што може да си дозволи луксузен живот.
Сега Дара одлучи да се одмори од настапите и студените февруарски денови да ги помине на егзотична дестинација, а со убавите кадри од местото се пофали на Инстаграм.
Имено, пејачката прво се сликала на плажа во провокативно бикини, а подоцна покажала како ужива во луксузен хотел.
Ноќта беше резервирана за дружење со пријател и пиење коктели во прекрасен амбиент покрај базен. Дара се пофали со луксузното лоби на хотелот во кој престојува, а глетката го одзема здивот на нејзините обожаватели на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DGFuQ6gTnql/?utm_source=ig_embed&ig_rid=7708a2a8-11db-4229-b462-15a8d55d8977