Почетна Убавина и здравјеМилена Радуловиќ на Берлинале во креација на српска дизајнерка – Убавина и здравје

Милена Радуловиќ на Берлинале во креација на српска дизајнерка – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Актерката Милена Радуловиќ продефилира на црвениот тепих на 75. Берлински филмски фестивал, во друштво на светските ѕвезди.

Таа носеше фустан од српската дизајнерка Марија Тарлаќ, а на фестивалот присуствуваше како гостинка на брендот „Армани“, чиј амбасадор е за Србија.

 

е

Иако оваа година нема свое филмско остварување на Берлинале, Радуловиќ активно гради меѓународна кариера. Таа глуми на четири јазици – српски, англиски, руски и шпански – а наскоро ќе ја гледаме во главната улога во серијата „Белег“ („Cicatriz“), српско-шпанска продукција чија премиера се очекува во 2025 година на каналот Суперстар.

 

Во неодамнешно интервју за „Курир“, актерката сподели дека е задоволна од својот живот и моменталните достигнувања.

„Среќна сум што ја добив оваа голема улога и што имам можност да се пробијам и на шпанскиот пазар. Се трудам самата да си ги остварам желбите“, изјави таа.

Милена, која неодамна наполни 30 години, е во врска со музичарот Огњен Јанковиќ.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин