Зошто жените имаат сè помалку луѓе околу себе како што стареат?
„Не престануваш да се смееш кога ќе остариш. Остаруваш кога ќе престанеш да се смееш“, рекол Џорџ Бернард Шо. Овој цитат открива зошто жените имаат сè помалку луѓе околу себе како што стареат.
Староста е еднаква на зрелоста, зрелоста е еднаква на мудроста, мудроста е еднаква на едноставноста, а едноставниот живот е среќен живот. Тоа е она што го знаат жените во зрели години.
Дури кога ќе стигнеме до одреден години, стануваме свесни на што сè и на кого сè сме си ја трошеле енергијата непотребно. Но наместо да жалиме и да размислуваме што сме можеле да направиме поинаку, важно е да се фокусираме на сегашниот момент, односно на тоа да си ги разубавиме наредните години, што е можно повеќе – да живееме!
Психолозите дошле до интересен заклучок: колку што е човекот позрел толку помалку зависи од надворешните врски. Мудрите жени во зрели години почнуваат да одбегнуваат површна комуникација: не сакаат да се дружат до зори правејќи празни муабети, не одат на кафе со пријателка што не им годи само колку да имаат друштво, не остануваат во врски што не им носат ништо добро бидејќи се плашат од осаменост, не трошат енергија на негативни луѓе…
Поврзани објави
Руската писателка Дајна Рубина вели:
„Со текот на годините, на човекот му се одзема она главното – исчекувањето. Исчекувањето љубов, богатство, среќа, слава… Му се одзема среќниот страв, возбудливото отчукување на срцето, болно-слаткото совладување на моментот, часот, денот – на патот до очекуваното.“
Со текот на годините, човекот има сè помалку енергија. Но како што му се намалува енергијата, така доаѓа до клучната одлука – не сака својата енергија да им ја дава на негативни луѓе, на луѓе што не го почитуваат и не го сакаат – си ја зачувува за себе и за оние што му се важни.
Тоа е една од најважните мудрости што ни ја носи процесот на стареење!